Прескокни до содржината

Фотографии

Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi Vila Lanthi
Вила Ланти се наоѓа во областа Сикија, на вториот крак на Халкидики – Ситонија, на околу 150 метри од плажата. Објектот нуди трикреветни студија и четирикреветни апартмани со сопствена кујна и балкон или тераса. Располага со градина, тераса за сончање и бесплатен приватен паркинг. Сместувањето е погодно за парови и семејства кои сакаат одмор во близина на плажата и можност за индивидуално запознавање со околните плажи на Ситонија.

Локација
📍 Сикија, Ситонија – втор крак на Халкидики, Грција  
Плажа Сикија: околу 150 метри  
Плажа Турколимнионас: околу 2 километри  
Плажа Валти: околу 2,2 километри

Сместување и содржини
Вилата нуди:
- Трикреветни студија;
- Четирикреветни апартмани.

Сместувачките единици располагаат со:
- Сопствена бања со туш;
- Кујна со фрижидер и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
- Телевизор;
- Wi-Fi интернет;
- Клима-уред, со дополнителна доплата;
- Балкон или тераса;
- Постелнина и пешкири.

Содржини на објектот
- Градина;
- Тераса за сончање;
- Бесплатен приватен паркинг.

Категории на сместување
- Трикреветно студио – со капацитет до три лица;
- Четирикреветен апартман – со капацитет до четири лица.
Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на студио или апартман, без оброци. Постелнината и пешкирите се обезбедени и се менуваат според организацијата на објектот. Секојдневната хигиена во сместувачката единица за време на престојот ја одржуваат гостите.

Цени

ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/ АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
До 30% BLACK FRIDAY попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
ПРИСТИГНУВАЊЕ 2027 МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
Датум / 7 ноќи 16.05 23.05 30.05 06.06 13.06 20.06 27.06 04.07 11.07 18.07 25.07 1.08 8.08 15.08 22.08 29.08 5.09 12.09
STD 1/3 199 249 339 409 535 545 545 599 609 659 659 659 659 609 599 409 339 249
App 1/2+2 269 289 389 465 599 619 619 679 689 739 739 739 739 679 669 465 389 289
Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

Локација

Сикија

Услови

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- 7 ноќевања во избраната категорија студио или апартман;
- Користење на кујната и основниот прибор;
- Постелнина и пешкири.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Автобуски превоз;
- Патничко осигурување;
- Користење клима-уред: 5 € на ден по сместувачка единица;
- Туристичка такса: 2 € по сместувачка единица од ноќ, односно 14 € за престој од 7 ноќевања;
- Оброци;
- Факултативни излети и влезници;
- Останати индивидуални трошоци.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – СО ДОПЛАТА

Повратен автобуски превоз:

- Возрасни: 55 € по лице;
- Деца до 12 години: 45 € по лице;
- Деца до 2 години: бесплатно, без сопствено седиште.

Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата.

Точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето.

ЦЕНИ И УСЛОВИ
- Цените се дадени за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет.
- Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на сместувањето.
- При резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста.
- Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото или апартманот.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на студијата и апартманите е до 10:00 часот, по локално време.
- Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Фотографиите прикажуваат повеќе сместувачки единици и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу студијата и апартманите.
- Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
- За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
- Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
- Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
- Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.