Прескокни до содржината

Villa Amelia

80 метри од плажа

Неи Пори

Фотографии

Villa Amelia Villa Amelia Villa Amelia Villa Amelia Villa Amelia Villa Amelia Villa Amelia Villa Amelia Villa Amelia

Вила Амелија се наоѓа на 80 метри од плажата. Располага со трикреветни студија и дуплекс апартмани со две спални соби. Секоја сместувачка единица има балкон, комплетно опремена кујна со фрижидер, бања, телевизор и Wi-Fi. Користењето на клима-уредот е со доплата. Пешкири не се обезбедени.

Сместувачки единици

Бр. 101 – дуплекс апартман со две спални соби. Се наоѓа на високо приземје. Во секоја спална соба има по еден брачен и еден единечен кревет.

Бр. 204 – дуплекс апартман со две спални соби. Се наоѓа на првиот кат. Во едната спална соба има два единечни кревета, а во другата два брачни кревета. Има поглед кон задната градина. Располага со пространа бања и мала кујна.

Бр. 205 – дуплекс апартман со две спални соби. Се наоѓа на првиот кат. Во едната спална соба има еден брачен и еден единечен кревет, а во другата еден брачен кревет. Има поглед кон задната градина.

Бр. 305 – 1/3 студио. Се наоѓа на вториот кат. Има еден брачен и еден единечен кревет. Има поглед кон морето.

Бр. 306–310 – 1/3 студија. Се наоѓаат на вториот кат. Секое студио има по еден брачен и еден единечен кревет. Сите имаат поглед кон задната страна на вилата.

Цени

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

Термин

Ноќевања

1/3 СТД

1/5  и 1/6 ДУПЛЕКС

23.05

7 ноќи

*109 €

*109 €

30.05

7 ноќи

*129 €

*129 €

06.06

7 ноќи

*169 €

*169 €

13.06

7 ноќи

*199 €

*199 €

20.06

7 ноќи

*239 €

*239 €

27.06

7 ноќи

470 €

640 €

04.07

7 ноќи

490 €

690 €

11.07

7 ноќи

570 €

790 €

18.07

7 ноќи

570 €

790 €

25.07

7 ноќи

570 €

790 €

01.08

7 ноќи

570 €

790 €

08.08

7 ноќи

570 €

790 €

15.08

7 ноќи

570 €

790 €

22.08

7 ноќи

530 €

690 €

29.08

7 ноќи

*239 €

*239 €

05.09

7 ноќи

*199 €

*199 €

12.09

7 ноќи

*169 €

*169 €

19.09

7 ноќи

*149 €

*149 €

Локација

Неи Пори

Услови

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

-          Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице)  23.05. – 20.06. / 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. 

Во пакет аранжманите важи следново: за престој во апартман/дуплекс се наплаќа за најмалку три лица (2пати по цената на пакетот +60евра). При престој на четири лица плаќа и четвртото лице (2пати по цената на пакетот +2пати по 60евра).

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

-          Сезонски термини -  наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

 

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€

деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час порано.

Скопје,  улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот

Велес, бензинска станица, мотел Македонија во  04:30 часот

Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во  05:00 часот

Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во  06:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и  наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
  • Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во Агенција.
  • Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

  • При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
  • Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
  • На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
  • Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
  • Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

  • Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
  • Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
  • Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

  • Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
  • Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

  • Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
  • Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

  • Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
  • За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
  • Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
  • Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

  • Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
  • Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.