Прескокни до содржината

ВРЊАЧКА БАЊА - хотел Врњачке терме 4*

  • Поаѓање саб., 5 дек. 2026
  • Враќање вто., 8 дек. 2026
  • Траење 4 дена

Фотографии

ВРЊАЧКА БАЊА -  хотел Врњачке терме 4* ВРЊАЧКА БАЊА -  хотел Врњачке терме 4* ВРЊАЧКА БАЊА -  хотел Врњачке терме 4* ВРЊАЧКА БАЊА -  хотел Врњачке терме 4* ВРЊАЧКА БАЊА -  хотел Врњачке терме 4*
Во срцето на Врњачка бања, се наоѓа комплексот на водено царство ,,Врњачке Терме,, Комплексот располага со 5 затворени базени со два тобогани ( термоминерална вода 32-36 степени) и три отворени надворешни со два тобогани. СПА центарот се состои од сауни, солена соба, парно купатило, тепидариум, салон за масажа...

Програма

  1. Ден 1 05.12.2026 (сабота) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА

    05.12.2026

    Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Врњачке терме. Кратко време за одмор и препорака за прошетка на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... Враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

  2. Ден 2 06.12.2026 (недела) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА

    06.12.2026

    Појадок. Слободен за индивидуални активности и прошетки во Врњачка Бања. Ден предвиден за одмор, релаксација и користење на Велнес содржините на хотелот. Ноќевање.

  3. Ден 3 07.12.2026 (понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА

    07.12.2026

    Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.

  4. Ден 4 08.12.2026 (вторник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

    08.12.2026

    Појaдок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цени

Цена – 199 евра (12.330,00)

Услови

Во понудата е вклучено
  •  - Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • - Сместување во хотел Врњачке терме 4* во супериор соби 
  • - Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок
  • - Секојдневно користење на Велнес и Спа центар 
  • - Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби; 
  • - Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во понудата не е вклучено
  •  - Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
  • - Доплата за туристичка такса 300ден во агенција
  • - Факултативна посета на манастирот Жица 15€ (доплата на лице место)
  • - Доплата за еднокреветна соба 60 еврa

 Попусти и опционални доплати: 
  • - Намалување за сопствен превоз -10€
  • - деца до 7 год. со двајца родители – гратис ( некористат кревет) плаќа превоз 35 евра
  • - деца од 7-12 год.со двајца родители – 50% од сумата ( софа)
  • - доплата за вечера 15 евра за возрасни, 7,5 евра за деца (доплата во агенција)
  • ***СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ Е ПОСЛЕ 14ЧАСОТ, НАПУШТАЊЕ ВО 10.30ЧАСОТ***
Напомени: 
  • - За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
  • - За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
  • - Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • - Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
  • - Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • - За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата. 
  • - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
  • - Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.  
  • - За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ и  СКТМ