Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
Траење: 4 дена / 2 ноќевања
Датум на поаѓање: –
Состанок со групата и поаѓање во попладневните/вечерните часови. Патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
Пристигнување во Братислава во претпладневните часови. Започнуваме со разглед на централниот и стариот дел на Братислава со локален водич:
Средновековниот плоштад со Роландовата фонтана
Михалската порта и Градското собрание
Катедралата Св. Мартин
Словачкиот народен театар
Барокната палата каде настапувал Моцарт
Палатата Паули (првиот концерт на Франц Лист)
По завршувањето на разгледот, организирано сместување во хотелот. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, посета и уживање на Божиќниот маркет во Братислава на Главниот плоштад (Hlavné námestie) и Плоштадот Хвиездослав (Hviezdoslavovo námestie). Ноќевање.
Појадок. По појадокот, поаѓање на факултативен целодневен излет до Виена.
По пристигнувањето во Виена:
Пешачки разглед на историскиот центар на градот со локален водич: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Градската палата (Ратхаус), Катедралата Св. Стефан и Зимскиот дворец Хофбург.
Панорамски разглед и посета на дворците Belvedere и Schönbrunn: Посета на дворовите и парковите на двете импозантни палати (без влез во внатрешноста). Доволно слободно време за прошетка низ раскошните градини и дворови.
По разгледот, се упатуваме кон центарот на Виена каде што следува слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови, кога градот ќе заблеска под празничните светла, посета на волшебниот Божиќен маркет пред Градското собрание (Rathausplatz). Во вечерните часови, враќање во хотелот во Братислава. Ноќевање.
Појадок. Одјавување и напуштање на хотелот. Се упатуваме кон познатиот шопинг центар Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг и уживање.
Потоа поаѓање кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување наредниот ден во утринските/претпладневните часови.
5 Ден ( – Вторник) Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА: 199 ЕВРА (12.340 ДЕН)
со задолжителна уплата на пакет факултативи од 50€.
(Разглед со локален водич на Братислава + Разглед со локален водич на Виена + Трансфер до Outlet Parndorf)
РЕДОВНА ЦЕНА: 259 ЕВРА (16.060 ДЕН)
Во цената Е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
Сместување во хотел Nivy 3* на база 2 ноќевања со појадок (НП)
Професионален туристички придружник за време на патувањето
Организација и реализација на програмата
Во цената НЕ Е вклучено:
Разглед со локален водич на Братислава – 20€ (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
Излет Виена (превоз + разглед со локален водич) – 40€
Трансфер до Outlet Parndorf – 10€
Задолжително патничко осигурување – 250 денари
Доплата за еднокреветна соба – 4.500 денари
Доплата за избор на конкретно седиште во автобус – 20€
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници.
Пасошот мора да има важност од најмалку 3 месеци од денот на враќање.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
За резервација е потребна аконтација од 30%, а целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање.
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според редоследот на уплата (освен при доплата за избор на седиште).
Организаторот не гарантира посебен тип на лежај во собите (двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби се распределуваат според расположливоста на хотелот).
Организаторот го задржува правото преку First/Last Minute понуди да ги продаде останатите слободни места по различни цени.
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост при самиот момент на резервација.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање во случај на недоволен број патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави во агенцијата 24 часа пред патувањето за потврда на точното време и место на поаѓање.
Останатите услови важат според Општите услови за патување на Т.А. Супер Травел.