КРАЈОВА – Божиќен Маркет
Со посета на Видин и Ниш -Сопствена Програма
30.12.2026
Поаѓање за Темишвар во 22.00ч.преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори
31.12.2026
Пристигнување во Темишвар во утринските часови, кој често го нарекуваат „Мала Виена“-поради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт,а прогласен е за европски град на културата во 2023 год. Разгледување на Темишвар со локален водич: Во центарот се трите плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона во форма на ѕвезда: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат:Соборната Романска црква,Националната Опера и Театар,Споменикот на Волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од Италија,Барокниот плоштад на Унијата со: Римокатоличката црква, столбот на кугата, Српската Соборна Црква, Плоштадот на Слободата со: Старата Градска куќа од 1734 г.,споменикот на Дева Марија, Синагогата, Бистата на Децебалус, Музејот на Банатските села. Сместување во хотел. Слободно попладне, во центарот на градот, каде во празнична Божиќна атмосфера, со многубројни туристи на плоштадот ќе уживате во дочекот на Новата 2027г. со концерти, огномети, традиционална храна, топли пијалоци.. Ноќевање.
01.01.2027
Појадок. Факултативен целодневен излет до Арад и Орадеа. Разгледување на Арад со водич.Градот е богат со архитектонско извонредни градби: Малцинската црква, Палатата Арад, Палатата Најман, Народната банка, Палатата Фелдес, Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот Државен театар, Црвената црква, Римокатоличката црква, широкиот градски булевар на револуции со дрвја, со монументални градби… Се продолжува за Орадеа,разгледување на градот со водич: Римокатоличката црква Св. Ладислав, грко католичка катедрала Свети Никола и православната црква Успение на Богородица, лоцирани на неколку десетици метри една од друга. Најубавата зграда на плоштадот е грандиозната Палата на црниот орел од 20 век. Наспроти палатата се наоѓа Градското собрание,со кула од 50м. Десно од театарот се наоѓа главната пешачка улица, која е дом на бројни кафулиња, ресторани, продавници за сувенири.. По улицата се најубавите палати во градот: палатата Стерн, палатата Аполо, палатата Московиц Микса, Палатата на правдата, Унгарската баптистичка црква, Грчко-Католичкиот комплекс... Слободно време.Вечерта враќање во Темишвар. Ноќевање.
02.01.2027
Појадок. Слободно предпладне со можност за посета на една од најголемите Аква паркови во Романија-Амазонија, со многу содржини: од водни тобогани до базени, реки… , да се забавувате во водениот парк, да се релаксирате во СПА и Велнес центарот. Базенот со 7 тобогани ,со различни рути и висини од 3 до 9 м ,со 2 „мрзливи реки“, 58 седишта за хидромасажа, 10 места за воздушна масажа, 5 воздушни вулкани, со зони за масажа на вратот и џакузи, базенот од 750 м2- е идеално место за максимална релаксација. За љубителите на шопингот,посета на трговскиот шопинг центар LuliusTown-еден од најголемите во Европа, со голем број продавници од познати светски брендови, по поволни цени.Попладнето, поаѓање за Македонија преку Србија,ноќно возење со попатни паузи
03.01.2027
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Напомена: Краен рок за пријавување до 21.12.2026 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За аранжманот важат општите услови за патување на Т. А. Супер Травел и СКТМ.